недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шилегов не бил крив за аерозагадувањето, крива била маглата  

Шилегов не бил крив за аерозагадувањето, крива била маглата  

Загадениот воздух деновиве е на алармантно ниво, а надлежните за жал тотално потфрлија во решавањето на овој горлив проблем кој е тивок убиец и кој во Македонија е причина за 3.000 предвреме починати лица на годишно ниво.

Градоначалникот на скопје Петре Шилегов којдодека беше во опозиција беше голем критичар на власта токму за аерозагадувањето сега откако три години е на власт и покрај бројните ветувања со кои го доби мандатот и нема направено ништо за да ја намали сериозната загаденост, наоѓа секакви изговори.

Тој запрашан токму за високото ниво на загаденост кое деновиве е проследено и со магла отиде до таму што ја обвини маглата за тоа.

Според Шилегов движењето на воздухот се намалува од маглата па поради тоа нивото на ПМ10 честичките го надминуваат дозволеното ниво.

Но пред да дојде на власт често излегуваше на прес конференции и изјави обвинувајќи дека не се прави доволно за прочистување на воздухот, излегуваше на протести со маска заедно со неговите сопартијци, а на оваа проблематика му се темелеше и изборната кампања.

Шилегов додека беше кандидат за градоначалник во една прилика изјави:

– На крајот на мојот мандат како градоначалник, во 2021 Скопје да конкурирра за зелена престолнина на Европа ,но сега кога останува помалку од една година до завршување на мандатот станува се појасно дека нема да се реализира ништо од ветеното. Граѓаните на Скопје и понатаму се гушат во енормно загадениот воздух, а видливоста како што може да се види и по фотографиите кои се објавуваат на социјалните мрежи е отежната особено во вечерните часови.

Од друга страна, покрај нереализираните ветувања и неуспехот во справувањето со аерозагадување како на локалната така и на централната власт, тоа што најмного загрижува се и минималните средства од буџетото одвоени за оваа проблематика, со што на некој начин Владата како да го прифаќа фактот дека нема капацитет да го решава овој проблем и целосно го запоставува.

Инаку, од Буџетот за 2021 година само 0,49%, односно 294 милиони денари се наменетиза унапредување на животната средина,  што доколку се споредат со ланскиот буџет се забележува кратење од 21 милиони денари од кои најмногу (20 милиони денари) се кратат токму од категоријата програма за намалување на аерозагадувањето.

Најнови вести