Новата година е на прагот, а Скопје како и општините во градот како и секоја година се решени да фрлат брдо пари за китење на градот иако со истите илјадници евра може да се решат многу проблеми.
Како за пример конкретен проблем кој ги мачи граѓаните на Скопје е загадениот воздух и истите коментираат дека подобро би било да се реши овој горлив проблем, наместо да се украсува градот кој и така од загадениот воздух нема никој да го забележи.
Иако КУРИР побара одговор на новинарско прашање до градот Скопје уште пред неколку недели тие не сакаа да дадат одговор колку пари има одвоено градот Скопје во нивниот буџет за решавање на проблемот со загадувањето ова зимо, а колку ќе потрошат за новогодишното украсување.
Но, избегнувајќи го тоа прашање преку соопштение за јавноста открија дека оваа година ќе потрошат вртоглава сума на пари за украсувањето на градот.
Градот Скопје инаку ќе потроши рекордна сума на пари и годинава во метрополата за Новогодишен сјај за пречекот на 2020 година.
Град Скопје годинава за новогодишно украсување веќе „фрли“ 285 илјади евра а на улиците новогодишните светилки ќе ги светне фирмата Линк Медиа Плус која десет години наназад е задолжена за доловување на новогодишната атмосфера.
Еуфоријата на најлудата ноќ ќе ја збогатува и дигиталната елка а пресметките покажуваат дека за годинава буџетот за новогодишното китење е за 30.000 евра поголем од лани.
Годинава за прв пат ќе светнат и неколку булевари кои досега не беа украсуван, а во оваа сума влегува и огнометот кој ќе го означи стартот на 2020.
Скопјани на плоштад ќе ги забавува Дино Мерлин.
Град Скопје ќе потроши повеќе пари за новогодишно украсување отколку за заштита на животната средина
Според годишната програма за заштита на животната средина и природата на подрачјето на град Скопје за 2019 година градот Скопје ќе потроши повеќе пари за новогодишното украсување отколку за заштита на бучавата, заштита на водите, почвите, отпадот, зеленилото, заштита на локалитетите, за здравјето и благосостојбата на луѓето како и подигнување на јавната свест на Скопјани.
Приближна сума од 285 илјади евра колку што градот одвои за украсувањето на Скопје, од буџетот за заштита на животната средина ќе бидат одвои за заштита на водите иако тоа до овој момент не е видливо за жителите на Скопје.
Освен тоа не се видливи ниту мерките против загаденоста за чија намена се одвоени околу 95 милиони денари во ставката за животна средина.
За потсетување на јавноста градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов на локалните избори во 2017 година ветуваше брда и долини, но до ден денес ништо не е сменето.
Доказ за тоа се и податоците кои говорат дека тој засега исполнил само 1 ветување од 39-те мерки во врска со загадениот воздух во главниот град.
Шилегов во буџетот за заштита на животната средина на град Скопје за годинава одвоил и 130 илјади евра за зеленилото во главниот град, но наместо садење на нови дрва, јавноста неодамна беше сведок на сечење на јапонските цреши во строгиот центар на градот.
Неодамна на прес-конференција и поранешниот градоначалник на град Скопје Коце Трајановски ја критикуваше неспособноста и лагите на Шилегов.
-Анализирајќи ја изборната програмата на г. Шилегов ќе видиме дека беа ветени повеќе од 50 проекти, а од нив ниту еден не е завршен. Тоа јасно зборува за неработењето и неспособноста на градската власт, изјави неодамна Трајановски.