недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Барањето на ДУИ за премиер Албенeц е продолжување на процесот за босанизација на Македонија

Силјановска: Барањето на ДУИ за премиер Албенeц е продолжување на процесот за босанизација на Македонија

Професорката и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ потенцираше дека веќе еднаш во Македонија мора да запре процесот на поделби во општеството. Наместо да разговараме за етнички прашања таа посочува дека ни е потребен граѓански концепт и дискусија за прашањата кои се од суштинско значење за граѓаните. Според неа барањето на ДУИ за премиер Албанец е само продолжување на процесот на босанизација на Македонија,

-Јас затоа се плашам дека за да ние бидеме компатибилни, за да можеме да функционираме да влеземе во ЕУ мора да бидеме компатибилни. Нашиот спас е граѓанскиот концепт, затоа што вие не можете да постигнете договор за химна, за знаме, за грб, за историја. Со срце не се мисли туку со ум. Но можете да постигнете договор за здравство, за образование, за социјална заштита. Мене ме радува тоа и што кај вас во емисијата сум гледала од новоформирани албански партии, луѓе, може да не се согласувам со нив, но речникот, јазикот се модерни. Значи ние мораме да излеземе од еден процес кој се вика босанизација, кипаризација и слично. Па и ова со премиер Албанец е на таа линија, вели Силјановска.

Најнови вести