среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: ЕУ бара подеднакви права за сите и јас се залагам за тоа

Силјановска: ЕУ бара подеднакви права за сите и јас се залагам за тоа

Законите мора да бидат во согласност со Уставот, затоа кога јас го критикувам Законот за јазиците тргнувам од научен аспект, од можноста демократијата да стане нефункционална, вели Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, која гостуваше на телевизија Алфа.

Според неа мора да се води сметка и за останатите заедници, како Турци, Срби, Власи, и други, а нив ги нема никаде сега, но ги има во Охридскиот договор.

-Затоа сметам дека сега се користи ЕУ како алиби, зошто ЕУ подразбира права на сите заедници, а не само за Македонците и Албанците како што е сега, сега другите се заборавени. Јас барам само право и правда за сите подеднакво, вели Силјановска коментирајќи го Законот за јазиците.

Најнови вести