Синот на осудениот за насилствата од 27 април, Абдулфета Алими, денеска одржа прес-конференција пред најавениот протест за утре.
-Ја презедовме оваа иницјатива затоа што сметам дека татко ми е жртва на политички процес. Во име на иницијативниот одбор, ги повикувам сите граѓани, да ни се придружат во овој марш. Има многу луѓе кои ни се обратиле и изразиле желба да ни се придружат за утрешниот протест. Очекуваме многу луѓе, истакна синот на Алими денеска.