Новинската агенција Журнал ексклузивно дознава дека денеска сите директори во клиниката „Мајка Тереза“ од НДП на Весел Мемеди ќе поднесат оставка, бидејќи се очекува ова да биде одлука на нивна партија.
Тензиите меѓу НДП и премиерот Заев настанаа откако Заев го разреши Сухејл Фазлиу, кој беше нивен кадар, од министерската функција во министерството за локална.