Сите преживеани патници од автобуската несреќа во Бугарија, кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ се во стабилна состојба, пренесува бугарската новинска агенција БГнес.
-Сите пациенти во стабилна состојба и не се во животозагрозувачка ситуација. Извршени им се неопходните итни оперативни зафати, а постоперативната состојба е добра, велат од болницата откако вччера 7 патници беа примени за хоспитализација.
Денеска претстојат две дополнителни оперативни интервении. На едно од настраданите лица ќе му бидат извршени дополнителни медицинско-дијагностички процедури кои треба да покажат како понатаму ќе се лекува овој пациент, велат од болничката установа за БГнес.