четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЈО во напорите да му помогне на СДСМ ја загуби логиката, зошто пописот беше прекинат?

До кога СЈО ќе отвора постапки против индивидуални поранешни функционери за одлуки кои ги донела Владата и кои ги усвоило Собранието на Република Македонија? Образложението е дека “имале влијание“.Секој министер и премиер во светот има влијание при носење на закони и одлуки, па откако истите ќе се донесат по заминувањето во опозиција не одговараат на суд заради влијанието кое го имале при носењето на законите и одлуките.
СЈО во напорите да му помогне на СДСМ ја загуби логиката, зошто пописот беше прекинат?

СЈО после 30-ти јуни 2017-та година нема право да отвора истраги и да бара мерки од судот. Но, очигледно е дека СЈО си го толкува законот како што сака.

Тоа што судот им прифаќа надлежност за мерки е резултат на заробеното судство кое е во таква состојба откако СДСМ дојде на власт.

Пред судскиот совет, а и кривично, за ваквото однесување може да одговара секој судија поединечно.

Пописот во 2011-та година се прекина со одлука на Парламентот. Предлогот за истото дојде од Владата, на што Владата има право. Парламентот го разгледа и го усвои законот со кој пописот беше прекинат.

До кога СЈО ќе отвора постапки против индивидуални поранешни функционери за одлуки кои ги донела Владата и кои ги усвоило Собранието на Република Македонија? Образложението е дека “имале влијание“. Секој министер и премиер во светот има влијание при носење на закони и одлуки, па откако истите ќе се донесат по заминувањето во опозиција не одговараат на суд заради влијанието кое го имале при носењето на законите и одлуките.

Затоа постои Влада и Парламент кои ги разгледуваат и усвојуваат или не усвојуваат предлозите на поединци членови на Владата или Парламентот.

Никаде во светот нема правен процес против премиер или претседател на партија затоа што влијаел да се усвои неговата идеја, од причина што усвојувачите можеле и да не ја усвојат, како што и многупати се случувало.

На одлуката на Владата претходеше оставка на членовите на Државната пописна комисија. Пред нив, ден пред почеток на пописот, оставка си даде претседателот на Државната пописна комисија која потоа беше заменета со друга претседателка која 10 тина дена подоцна, согледувајќи ги проблемите на теренот, заедно со сите членови на комисијата поднеле оставка, по што владата гледајќи дека има многу проблеми не создава нова комисија, туку му предлага на Парламентот, а тој прифаќа закон со кој се прекинува пописот.

Никој никому во тоа време не рекол да поднесе оставка. Никола Груевски и Али Ахмети, како носители на владината коалиција во тоа време, јасно е дека биле загрижени и превземале мерки за да се решат проблемите во пописот.

Зад сите посериозни одлуки кои се случуваат во државата, претходно стојат дискусии, дебати, идеи и предлози на некој политичар, премиер, министер, пратеник…

Зад сите одлуки стојат нечии предлози и сугестии. Зарем треба тие што предложиле или сугерирале да одат во затвор?

СЈО во напорите да му помогне на СДСМ и Заев, навистина ги загуби сите логики.

Дали СЈО знае колкава е одговорноста на лидерите пред гласачите и дека пред нив тие потоа за се одговараат или поривот за политички прогон и егзибиционизам е посилен од се?

Хипотетички, да замислиме дека Груевски и Ахмети навистина договориле да се прекине пописот. Тоа сигурно не било заради тоа да не се видат демографските процеси и фактот дека многу се иселиле па со тоа да губат политички поени. Бидејќи ако било тоа, немало ни да го почнат пописот. Затоа оваа теза на Фатаи е донесена под гневот на политичка омраза, а не со професионален пристап.

Ако тие така одлучиле и побарале од членовите на комисијата да си дадат оставка и ако тоа било погрешно, зошто 25 луѓе прифатиле да си дадат оставка?

Тие не се ниту малолетни ниту животот им зависел од тоа. На пример, претседателката на комисијата  тоа време е вработена во странска приватна компанија. Не е административец, ниту од некого зависна, како и многу други во таа комисија.

Помина скоро една година откако на чело на Македонија дојде нова влада. Зошто сега СДСМ и  ДУИ не го спроведоа пописот или барем зошто не почнаа подготовки за истиот?

Оправдано ќе се постави прашањето, да не е па сега, сево ова договор меѓу Заев и Ахмети? Ќе отвори ли СЈО и за нив постапка?

Да стане јасно за обвиненијата кои  се засноваат на зборот, “влијаел“. Ако некој некому влијаел да направи нешто незаконски, треба да знаеме дека секогаш оној  на кој му  влијаеле има избор да каже НЕ. Ако влијанието прерасне во притисок, секогаш може да поднесе оставка,  па дури и јавно да ги каже причините за оставката.  Никој никого не може насила да натера да гласа или да даде оставка ако не сака да го направи тоа.

Друг  е проблемот што е сосема очигледно дека СЈО против Никола Груевски не може  да најде ништо незаконско, па се обвинува за влијание кое не морало да се прифати.  Трет  е проблемот  што на СДСМ  панично  му треба дефокусирање од сето ова што го прави во Македонија.

Најнови вести