недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ ВО ЈП ВОДОВОД: Директорот не дозволува да се одржат седниците на надзорните и управните одбори, обезбедувањето присилно и физички ги спречува членовите!

СКАНДАЛ ВО ЈП ВОДОВОД: Директорот не дозволува да се одржат седниците на надзорните и управните одбори, обезбедувањето присилно и физички ги спречува членовите!

Денеска во ЈП Водовод и канализација – Скопје, по налог на директорот, Драган Илиевски физички ги спречил членовите на УО на претпријатието, да одржат седница, која била навремено закажана и бил известен директорот за истата, при што била повикана и полиција, од страна на Претседателот на УО.

Директорот на скопски Водовод, Илиевски веќе вторпат не му дозволува на УО, да ги одржуваат седниците во салата за состаноци, каде тие се одржуваат со години, односно од отварањето на новата управна зграда.

Денеска исто така претходно и членовите на Надзорниот Одбор биле спречени, да ја користат салата, па седницата ја одржале во ходниците на управната зграда на Водовод.

Најнови вести