Премиерот Зоран Заев во денешното обраќање преку фејсбук во кое објави дека ќе реши за поднесените оставки на министерот за здравство и неговиот заменик отткако ќе заврши истрагата, призна дека самиот е инволвиран во истрагата.
- Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука за поднесените оставки ќе ја базирам на фактите кои ги добивам од истрагата, согласно причините за избувнувањето на пожарот”, јавно објави Заев денеска.
Филипче и неговиот заменик Хасани поднесоа оставки три дена по трагичната несреќа во која животот го загубија 14 лица кои претстојувале во ковид- модуларната болница во Тетово, а 12 беа повредени.