Во ризична бременост по судски налог ја прегледуваат гинеколози. Скандалозен тек на судскиот процес против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која е една од обвинетите во случајот Тенк.
Во ризична бременост по судски налог ја прегледуваат гинеколози. Скандалозен тек на судскиот процес против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која е една од обвинетите во случајот Тенк.
По налог на судијката Добрила Кацарска конзилијарен тим од четворица гинеколози ја прегледува екс министерка за внатрешни, Гордана Јанкуловска. Прегледот се врши за да се утврди дали навистина Јанкуловска е во ризична бременост, што ја спречува да присуствува на судењата за случајот „Тенк”.
Гинеколозите треба да утврдат во која недела од бременоста е Јанкуловска, дали постои ризик да се породи во скоро време и дали може нормално да се движи. Во стручната Комисија која го врши прегледот членуваат гинеколозите: Ана Данева, Бети Зисовска, Иво Ќаев и Горан Кочоски.
Јанкуловска деновиве јавно алармираше за нејзината состојба и односот на судот. Реагира дека во периодот пред породување треба речиси секој втор ден да присуствува на рочиштата.
Во само еден месец Кацарска закажала дури осум рочишта за овој предмет. Јанкулоска реагира дека во ризична бременост треба да присуствува на рочишта кои најчесто траат и по 10 ина часови во судници без клима. За ваквите скандалозни случувања таа преку отворено писмо реагираше и до министерките за правда и за труд и социјала. Побара остварување на нејзините права во областа на судството и заштита на правата на децата и жените.
Одбраната на екс министерката нејзиното отсуство го оправдала со медицинска документација. Јанкулоска, смета дека нејзините права се грубо повредени, и бара час поскоро надлежните да преземат акција во рамките на нивните надлежности, за нејзина заштита.