сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Евтината „плата“ драмолетка на Таче и Кацарска

Да се кладиме, целата оваа идиотштина и сеир ќе заврши со нова триумфална „победа“ на пазарџијата Таче кој мина пола мандат во Веро и кој по лебаро-јајчарската одисеја, откако ги „среди“ цените кои и никогаш не смееше толку да се дигнат, сега ќе ги „врати“ и „замрзне“ платите на функционерите на старо. Ќе присуствувате на една епска и силна победа на Таче Чесниот, големиот лидер кој преку херојско самооткажување од парите и со неверојатна саможртва на филантропите Заевци, ќе му ја донесе новата фингирана благосостојбата на напатениот и обезличен македонски народ. Невидено човекољубие достојно за светци. Плата која, реално, не им ни треба, имајќи предвид колку украдоа и колку крадат како улави и како да не виделе...
Евтината „плата“ драмолетка на Таче и Кацарска

Отидовме во Европа, а? Барем, според висината на забеганите плати на функционерите. Ццццц. Или не ќе да е баш така? Дали ова е само уште една дигресија на северните властодршци, уште една фингирана и наттурена гладијаторска „пресметка“ и дефокус во забеганата македонска медиумска арена? Да има со што да се занимава народот. Нов северен сеир. Да, имајќи предвид со кого си имаме работа, ќе да е ова последното…

И сега, Македонците чија држава секој ден е се помалку нивна, со две раце ќе ја прегрнат, силно ќе ја гушнат и ќе се занимаваат со прикаската за платите на најнеспособната влада и функционери во историјата. Овие месеци, главна тема ќе биде колку ќе земел Стево, та дека Таљо ќе имал околу 3.000 евра, па министрите и премиерот од околу 65.000 денари сега ќе „скокнеле“ за 50.000 и ќе одат накај 2000 евра. Замисли, и пратениците од 1-ви ќе имале нето плата повисока од 1.700 евра. 80 насто повеќе ќе имале и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции. Секако, тука се и судиите, исто како и оние ќускии од Уставниот суд кои практично, со укинување на 2-та члена од Законот за плати на функционерите, си го овозможија споственото зголемување на платата. Ајдееее, бесплатен сеир, пуштен на најјако.

И така, два-три месеца ќе се занимаваме со фрлената коска. Ступиден, северен циркус за занимација на рајата.

Нов ден, ново добредојде во новата фарса во режија на Таче и Кацарска. Идиотизам со кој наместо со уценувачките Уставни измени и реалното, национално обезличување, сега сите орно и со многу елан ќе се занимаваме со платите на функционерите, па ќе се пенават и јачаат, еве дури и Стево поентира, а кај и да е Најчевска ќе се јави…

И, да се кладиме, целата оваа идиотштина ќе заврши со триумфална „победа“ на пазарџијата Таче кој мина пола мандат во Веро и кој по лебаро-јајчарската одисеја, откако ги „среди“ цените кои и никогаш не смееше толку да се дигнат, сега ќе ги „врати“ и „замрзне“ платите на функционерите на старо. Ќе присуствувате на една епска и силна победа на Таче Чесниот, големиот лидер кој преку херојско самооткажување од пари и со неверојатна саможртва на филантропите Заевци му ја донесе благосостојбата на напатениот и обезличен народ. Невидено човекољубие достојно за светци. Плата која и не им ни треба, имајќи предвид колку украдоа и колку крадат како улави и како да не виделе.

Сагата за покачувањето кое никогаш не ни требаше да се случи. Бедотија, пародија, глупоштија. Параван за затскривање на тоталната неспособност на секое поле, за националното, економско, образовно, здравствено и какво и да помислите урнисување и уништување. „Занимација“ за отапување на народните сетила  на патот кон дното..

Старата вели, не верувајте им на Данајците (Грците/Бугарите) ни кога дарови носат. На комуњарите, пак, уште помалку верувајте им кога заглавени со неможноста да го истераат ветено и да спроведат уставни измени тераат медумска хајка и ступидна човекољупска агенда како што ќе заврши оваа „евтиноќа“ од прикаска со платите.

А, ако имате и трошка сомнеж, само присетете се од кого доаѓа. Од Кацарска. Толку. Точка.