вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скандалозно: Од 56 советници на Зоран Заев, дури 33 ќе си седат дома и нема да одат на работа во Влада, а народот ќе ги плаќа

Скандалозно: Од 56 советници на Зоран Заев, дури 33 ќе си седат дома и нема да одат на работа во Влада, а народот ќе ги плаќа

Дури 33 од 56-те советниците на Заев ќе седат дома и нема да одат на работа во Влада, а ќе земаат плата за која пари ќе издвојуваат граѓаните.

Таков е примерот и со Џеваир Шаќири, познат како Командант Хоџа кој Заев ќе го советува за 36.000 денари месечно.

23 лица кои го советуваат премиерот Зоран Заев секој ден одат на работа во Владата и имаат свои канцеларии, додека 33 надворешните соработници не доаѓаат на работа туку советуваат по потреба, велат од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК.

13 посебни советници и 10 советници имаат дневен ангажман и ќе работат 40 часа неделно.

-Сите посебни советници и советници согласно член 22 од Законот за вработени во јавниот сектор, имаат засновано работен однос на определено време до истекот на  мандатот на премирот. Сите се избрани на јавен оглас. Дел од посебните советници и советниците имаат свои канцеларии, а поголемиот дел делат работен простор со други лица кои работат во влада, велат од Владата за СДК.

Оттаму појаснуваат дека за разлика од редовните советници, надворешните се со договор од времен карактер и се избрани лично од Заев.

Изборот на советници на премиерот Заев предизвика лавина критики од македонската јавност. Последен советник кој го назначи Заев беше Командант Хоџа. За него и за Бошковски се огласи и американската амбасада, бидејќи и двајцата се наоѓаат на црната листа на САД. Оттаму изразија загриженост за изборот на советниците.

-Црната листа се користи за блокирање и ограничување на патувањата на граѓани непожелни во Америка поради националната безбедност, се вели во соопштението од амбасадата.

Неодамна „Радио Слободна Европа“ ја објави целосната листа на советници на Заев:

Посебни советници:

Тања Чачарова Илиевска, посебен советник за правда;

Дане Талески, посебен советник за надворешни работи;

Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство;

Цвета Ласкова, посебен советник за култура;

Драган Јованов, посебен советник за животна средина и просторно планирање;

Љупка Цветкова, посебен советник за администрација;

Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции;

Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност;

Фидан Колев, посебен советник за транспорт и врски;

Рубин Земон, посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интер-културните комуникации;

Љубе Бошкоски, посебен советник за странски инвестиции;

Фатмир Битиќи, посебен советник за спроведување на Рамковниот договор;

Ѓорги Тасев, посебен советник за млади и спорт.

Советници:

Мила Стаменова – Советник за комуникација со министерствата;

Зоран Бојаровски – Советник за медиумски реформи;

Илија Жупаноски – Советник за дигитални комуникации;

Весна Коваческа Трпческа – Советник за информативни активности;

Иванна Хаџиевска Кошевалиски – Советник за протоколарни активности;

Олимпија Христова Заевска – Советник за меѓународна економија и развој;

Ивана Јордановска – Советник за соработка со меѓународни организации;

Христијан Ѓоргиевски – Советник за односи со Собрание на РМ и законодавство;

Светлана Сиљјаноска – Советник за организација на настани;

Сања Богатиновска – Советник за истражувања и анализи;

Надворешни соработници:

Мерсел Биљаљи – Надворешен соработник за подготовка на анализи извештаи и мислења за унапредување на меѓуетничките односи.

Исмет Рамадани – Надворешен соработник за подготовка анализа и извештаи неопходни за остварување на стратешките приоритети и определби за членство во НАТО.

Ванчо Узунов – Надворешен соработник за економски прашања.

Зоран Башановиќ – надворешен соработник за економски прашања.

Александар Обрадовиќ – надворешен советник за економски прашања за соработка на Република Македонија со земјите од регионот.

Џезаир Шаќири – Надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот.

Фатмир Бесими – Надворешен соработник за економски прашања и координација за економски раст.

Ѓорѓи Калајџиев – Надворешен соработник за комуникации и односи со јавност.

Филип Андов – Надворешен соработник за креирање политики од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.

Владимир Цветковиќ – Надворешен соработник за ИКТ.

Александар Спасов – Надворешен соработник за креирање на јавни политики.

Даниел Димевски – Надворешен соработник за прашања во областа на спортот и унапредување на спортот во РМ.

Спасе Додевски – Надворешен соработник за унапредување на образование, здравство и социјална зштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост на РМ.

Андреј Манев – Надворешен соработник за урбанистичко планирање и градежништво.

Владо Димовски – Надворешен соработник за економски прашања.

Горан Стаменковски – Надворешен соработник за социјална политика.

Зоран Иванов – Надворешен соработник за градежништво.

Абилгафар Рамадани – Надворешен соработник за странски инвестиции.

Горан Николовски – Надворешен соработник за политичко економски состојби во регионот на земјите од Голфскиот залив.

Митко Андреев – изработка на Анализа за информација со податоци и изготвување извештај на елаборат од областа на енергетиката.

Aљаф Бакхатијар – Надворешен соработник за економски прашања за соработка со Блиски Исток.

Зијад Беќировиќ – Надворешен соработник за економски прашања земји од регионот.

Џелил Ахмед – Надворешен соработник за традицијата, верските и културните идентитети на заедниците во РМ.

Џабир Доко – Надворешен соработник за комуникација со медиуми и односи со јавност.

Љубомир Шубара – Надворешен соработник за финансии, банкарство и инвестиции.

Драгиша Милетиќ – Надворешен соработник за меѓуетнички односи и соработка меѓу заедниците.

Миле Зечевиќ – Надворешен соработник за адвокатски услуги.

Алиса Дограмаџиева Живановиќ – Надворешен соработник за политичко-економски односи на подрачје на САД.

Дејан Николовски – Надворешен соработник за институции меѓу општините и Владата на РМ.

Мирослав Грчев – Надворешен соработник за просторно и урбанистичко планирање и градежништво.

Драган Василевски – Надворешен соработник за одбрана.

Зоран Гавриловски – Надворешен соработник за биро за застапување на РМ пред ЕСЧП.

Силвио Аврамовски – Надворешен соработник за економски Прашања и Зајакнување на економската соработка со земјите од Кавказ и Блиски Исток.

Најнови вести