сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Скандалозно однесување на екс-соработникот на Филипче: Граѓаните плаќаат дебели казни, несовесниот доктор става пациенти во ризик (ФОТО)

Скандалозно однесување на екс-соработникот на Филипче: Граѓаните плаќаат дебели казни, несовесниот доктор става пациенти во ризик (ФОТО)

Речиси цела година водат неуспешна битка за справување со коронавирусот, а наместо да понесат одговорност, ги обвинуваат граѓаните дека се несовесни и дека затоа вирусот се шири. Но, да видиме колку се совесни најблиските соработници на министерот за здравство, Венко Филипче.

Поранешниот државен секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев е доктор во штипската болница. Таму е вработен како максилофацијален хирург. Бил дежурен ноќта за нова година, па покажа како му поминало тоа дежурство.

Групирање, без маски, без дистанца, без никаква заштита. Седнати на полна трпеза како да прославуваат во некој ресторан, а не како да се здравствени работници на должност. Ова е еклатантен пример за непочитување на мерките за заштита од ковид од страна на екс-државниот секретар за здравство.

До вчера овој човек беше дел од политиките, наводно грижејки се за здравјето на граѓаните. Истиот тој без маска, без дистанца и на работно место не ги почитува препораките кои неговиот претпоставен ги диктира на “обичните“ граѓани.

Дали надлежните ќе замолчат пред ваквото непочитување? Да стануваше збор за граѓани, досега сигурно ќе беа казнети и санкционирани. Но, за најблиските соработници на Филипче очигледно не важат ни закони, ни препораки.

Зошто Филипче досега нема побарано одговорност за ваквите постапкина неговиот довчерашен близок соработник  Милошев кој сега работи како доктор во КБ Штип?

Ваквото однесување е во најмала рака скандалозно! Докторот го става во ризик не само своето здравје, туку и здравјето на своите колеги, а особено на пациентите.

Министерот Филипче треба да покаже дека препораките важат за сите исто. Граѓаните постојано добиваат парични казни и забрани, а неговите најблиски соработници се однесуваат како за нив се да е дозволено!

Најнови вести