Денеска се случи уште едно во низа скандалозни судења. Овој пат за случајот „Титаник“.
Во овој предмет никој не е во притвор, ниту се очекува брзо да заврши, а уште помалку да застари. Сепак, по налог и инсистирање на Рената Дескоска и Иван Џолев, судијата им порача на обвинетите дека никој од нив, без оглед на околностите, нема право да се повикува на никакви мерки или препораки од Владата.
Се инсистира на нивно присуство по секоја цена, без оглед на здравствената состојба на обвинетите. Хронично болните кои се високоризични и по препорака на Владата не смеат да излегуваат од дома, ќе бидат приведувани и најверојатно ќе им се определи притвор доколку не се појават на следното рочиште на 30-ти март.
Тоа значи, ако хронично болен кој е обвинет во Титаник отсуствува од рочиште, ќе биде казнет од судот т.е. приведен и ќе оди во притвор. Истото ќе му се случи и на обвинет во предметот кој е родител на две деца кои имаат помалку од 10 години, чиј сопружник е медицински работник и не може да користи отсуство заради грижа за децата.
Има и адвокат на возраст од 67 години. Тој ако биде во суд ќе биде казнет од МВР, зошто го прекршил полицискиот час за возрасни, а ако не дојде ќе биде казнет со најмалку 1000 евра од судот. Мерки за заштита во судот нема, судниците се преполни, а за маски и ракавици не станува ни збор.
Ова што се случува во Кривичниот суд е школски пример за дискриминација и непочитување на владините мерки, на потег е обвинителството.
Дали Дескоска, Џолев и Киро Здравев ќе бидат санкционирани зато што го доведуваст во опасност здравјето на луѓето и директно придонесуваат за ширење на заразата? Дури 5 полициски службеници кои биле во контрола на десетици заразени и лица во самоизолација, веднаш после контролите беа присутни во судот за да бидат присутни на рочиштето.
Очигледни е дека за Дескоска и Џолев обвинетите во овие политички нарачани случаи, се пред се обвинети, но не и луѓе кои имаат граѓански права за време на вонредна состојба.