Загадениот воздух повторно го вклучува алармот, а во Скопје и Битола вечерва повторно не се дише.
Дозволените нивоа ги надминаа границите, а вечерва загадени се сите скопски општини.
Многу високо ниво на загаденост има во Центар, Лисиче, Ректорат, Карпош, Гази Баба и Миладиновци.
Високо загаден воздух вечерва според мерните станици има и во Битола и Тетово, но и во Куманово.
Додека Македонија се гуши, премиерот Зоран Заев си одбра морски воздух во Солун, каде ги поминува новогодишните празници.