понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скопје поплавено, оштетени автомобили, надлежните без соодветна реакција по силното невреме (ФОТО)

Скопје поплавено, оштетени автомобили, надлежните без соодветна реакција по силното невреме (ФОТО)
ФОТО: Димитријоски Александар/ Ѕид на сообраќајниот срам

Обилните дождови кои утрово го зафатија Скопје предизвикаа поплави на неколку места. Улицата кај болницата „8 Семптември“ е речиси поплавена. Сообраќајот е отежнат, на некои места и невозможно е да се помине.

Дел од граѓаните ни ги испратија фотографиите од поплавеите места.

Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.

Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во поладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Најнови вести