– Со рационално користење на средствата води до помал дефицит во буџетот и помала потреба од задолжување. Секој дефицит во буџетот е зголемување на јавниот долг. Тоа е чиста математика за петто одделение во основно училиште, изјави Трајко Славевски утринава за „Утрински Брифинг“.
Славевски запраша во време на економска и здравствена криза зошто премиерот има над 30-тина советници. Кога премиерот ќе има време да се консултира со толку советници. Се гледа од далеку дека згрижува партиски активисти. И сега во ек на криза партиските војници ќе имаат највисоки плати во државата.
– Што се прави со намалувањето на државната администрација. Власта наголемо зборува но ништо не се прави. Наместо да имаме рационализирање ќе имаме зголемување во сите сектори, а тоа ги билда трошоците и приходите, а со тоа се зголемува јавниот долг, нагласи Славевски.
Славевски додаде дека многу е лесно со туѓи пари да се усреќат. Ама за жал тоа ќе го враќа македонскиот народ.