Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното гостување на ТВ24 се осврна на улогата на С. Македонија како членка на НАТО и нејзината улога во украинската криза, Таа рече дека Македонија нема да испрати војници доколку дојде до судир.
– Македонија е земја членка на НАТО, но согласно Вашингтонскиот договор не може да испраќа војници на тероторија на туѓи држави кои не се дел од НАТО Алијансата кои не се дел од колективната одбрана на НАТО. Во ниту еден момент не употребив терминологоја дека ќе објавуваме војна на некоја друга држава. Територијалниот интегритет на Украина е нешто што максимално го почитуваме и ја поддржуваме политиката на НАТО на отворени врати за која било земја која сака да стане членка, рече Петровска.