Цената на струјата по Нова година ќе се зголеми, изјави за ТВ 24 првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски.
-Веќе е сигурно дека ќе има поскапување, но јас секогаш протежирам тоа да биде благо поскапување, изјави Ковачевски за дневникот на телевизија 24.
„Рестрикции на струја не се опција“, тврди тој.
Вели дека пред нас е една од најтешките зими за период од 70 години. Ковачевски кажа дека располагаат со ограничени ресурси, ги спомена количините на јаглен, квалитетот, хидрологијата.
-Цехот го плаќаат граѓаните и државата заради надворешните влијанија, воено-политичката криза, економска криза, социјалната криза, ковид-кризата. Ние како држава сме многу мали и не сме моќни ниту финансиски ниту како индустрија и капацитети, сами да се справиме со одредени кризи, рече Ковачевски.
Целото интервју со него, проследете го во продолжение: