недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Слики од местото на настанот: Усеини крадел вода, па тепал и се заканувал со убиство

Слики од местото на настанот: Усеини крадел вода, па тепал и се заканувал со убиство
буревесник

Советникот во Општина Охрид од ДУИ Нефи Усеини го натепал професорот Иљаз Иљази од Штуловиот универзитет- причината била див приклучок на водоводната мрежа каде е поврзана зградата, чиј претседател на куќниот совет е Иљази.

Иљази го пријавил случајот, а од МВР потврдија за Република дека Усеини е повикан на распит и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Како што објавија А1он, Усеини и Илјази не се познавале и прв пат се сретнале утрово.

Професорот Илјаз Илјази вели за „А1он“ дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, го удирал со тупаници, што резултирало со повреди. Илјази додава дека се чувствува загрозено бидејќи Усеини му се заканувал дека ќе го убие, влечејќи го пред неговата зграда. До инцидентот дошло откако Илјази како
претседател на куќен совет пријавил во „Водовод“ дека имаат проблем со водата, а екипи утврдиле дека некој на диво се приклучил на нивната мрежа.

„Нашата зграда имаше проблем со водата, имаше слаб притисок. Јас како претседател на куќниот совет викнав екипи од ‘Водовод’ да видат каде е проблемот. Тие излегоа на терен и ме известија дека има див приклучок на нашата водоводна мрежа. Утрово на никаде се појави тој Усеини, кого до тогаш не го познавав, ни кој е, ни што е“, вели Илјази за „А1он“.

Професорот Илјази вели дека Усеини не разговарал со него, туку веднаш физички се пресметал. Во тој момент Илјази му рекол „Почекај да видиме што е работава“, по што Усеини му вратил „Јас сум советникот Нефи, јас ќе те убијам тебе“.

„Со него имаше уште едно лице кое тргна да ме нападне. Во тој момент Усеини му рече на албански ‘Немој да го удираш, јас ќе го удрам, мене ништо не ми може’, на ова јас реагирав ‘Има закон’. Ме влечеше
на патот. Ми викаше дека не смеам да газам на земјиштето“, додава Илјази во изјава за „А1он“.

Илјази тврди дека постапката ќе ја тера до крај, а очекува Усеини да добие соодветна казна.

Ова е трет напад за неколку месеци во кој учествува Усеини. Тој во април нападна инспектор од Скопје, кој сакал да изврши надзор на дивоградбата што ја гради советникот во Општина Охрид. Во јуни, пак, Усеини го натепа неговиот колега од советот, Џелал Мена.

Најнови вести