петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Смешна е одбраната на Заев кој од одмор порача преку неговите парамедиуми дека криви се мрачните сили кои го местат премиерот

Смешна е одбраната на Заев кој од одмор порача преку неговите парамедиуми дека криви се мрачните сили кои го местат премиерот

Македонската јавност веќе четврти ден е во неверување од начинот на изнудување рекет од страна на Боки 13 врз бизнисменот Орце Камчев.

Вчера во текот на денот италијанскиот весник „Ла Вeрита“ ја објави и последната од трите аудио и видео снимки на која се слуша вмешаноста на Катица Јанева и Зоран Заев во овој случај.

По огромната реакција во јавноста, започна одбраната на Заев кој од одмор порача преку својот Фејсбук профил дека е невин и дека Боки го искористувал неговото име за прикажување на моќ.

„Во најновиот објавен разговор некои од осомничените го спомнуваат и злоупотребуваат моето име. При тоа се изнесуваат лаги и бесмислици со цел едниот соговорник да ја зајакне својата позиција на моќ и авторитет пред другиот соговорник.

Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот “Рекет” и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај.

Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавноста….

Тој исто така преку своите парамедиуми ги окриви мрачните сили кои го местат него во овој случај во кој тој целосно е невин и демантира соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот Рекет.

Сепак Боки 13 преку објавеното видео во италијанскиот весник му го тврди спротивното на Камчев и дека Заев е информиран за случајот и нема да прави никакви проблеми.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов вчера изјави дека снимката е дел од однапред подготвено мрачно сценариои на сите мрачни сили кои биле впрегнати во поништување на правната држава и загрозување на евроатланските интеграции на Македонија.

Најнови вести