Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот особено на североистокот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег.
Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните и североисточните планински региони ќе има појава на локален снег. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени и помалку, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.