понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Снимката за „Поткуп“ се гледа без присуство на јавноста

Снимката за „Поткуп“ се гледа без присуство на јавноста

Во Кривичниот суд денеска се одржува рочиште за случајот „Поткуп“ затворено за јавноста.

На почетокот на судењето беше прочитана одлуката на Апелацискиот суд Скопје, јавноста да биде исклучена од рочиштето на кое ќе биде пуштена видео снимката поради која премиерот Зоран Заев се товари за поткуп.

На претходните рочишта Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа.

Според Заев, со емитување на скратената верзија од снимката му била нарушена честа и угледот.

Судот претходно одлучи да го прифати предлогот на адвокатите на премиерот Зоран Заев јавноста да присуствува на гледањето на снимките, бидејќи според нив снимките кои беа објавени на „Јутјуб“ биле нецелосни. Обвинителството реагираше на оваа одлука и поднесе жалба до Апелацискиот суд затоа што снимката е прибавена преку посебни истражни мерки и како таква подлежи на класификација.

Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Сачевалиев. 

Најнови вести