Во сите лозарски региони денес свечено се одбележува свети трифун патронот заштитиник на лозарството.
-Денеска го празнуваме трудот на лозарите, го славиме нашето македонско вино по кое сме познати и почитувани во светот и им оддаваме признание на винарите. За лозарите и винарите нема веќе неизвесност, обезбедуваме значајна финансиска поддршка за производство и откуп на грозјето. Грижата за нив е постојана – затоа резултатите се видливи и претставуваат дополнителна мотивација. Мерките и стимулациите обезбедуваат производство на квалитетно вино, поголема промоција и зголемување на извозот. Воедно, посветено работиме и на создавање амбиент за стопанисување кој ќе биде поволен и за лозарите и за винариите. Им го честитам денот на лозарите и винарите и им посакувам успешна година, напиша на својот Фејсбук профил, претседателот на владата Димитар Ковачевски.
Претседателот на владата Ковачевски беше на закројување лозје во Росоман, но она што го привлече вниманието е пристигнувањето на Ковачевски со Мерцедес кој чини премногу.