петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со Заев на власт граѓаните не добија реформи, ама мафијата доби држава

Со Заев на власт граѓаните не добија  реформи, ама мафијата доби држава

Наместо ветените реформи за правда и подобар живот за граѓаните, кои ги ветуваа актуелниот премиер Зоран Заев и неговите најблиски соработници, со него граѓаните добија мафија на власт. Место да работат за доброто на македонските граѓани, Владата предводена од Заев ги згрижува најголемите мафијашки структури од целиот балкански полуостров.

Државјанства се дадени на турскиот мафијаш Седат Пекер, кого власта пред одреден период извести дека бил протеран од Македонија, како и на платениот убиец од Црна Гора, Јован Вукотиќ, на водачот на познатиот нарко картел од Албанија, Флорјан Мусај.

Се претпоставува дека издадени се вкупно 215 македонски, лажни незаконски пасоши на разни криминалци кои циркулираат низ светот.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ објави афера „Мафија“ со која ја обвинува власта дека давала македонски државјанства на криминалци, мафијаши и нарко босови од земјите од регионот и истите им ги издавала со украдени идентитети на македонски државјани. Доказите ваквата голема афера опозицијата ги обезбедила од страна на „свиркач“ кој до нив ги документите и доказите.

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски пред некој ден преку прес конференција ги објави првите имиња вели дека аферата „Мафија“ потврдува дека Владата станала гнездо, дала закрила и соработувала со балканските нарко – босови.

Тој смета дека не може главните луѓе во МВР да не знаат ништо за лажни пасоши кои се издаваат и да се апсат службеници од пониски структури во пасошкото, во однос на апсењето на неколку лица вработени во МВР. Врвот на власта, според Мицкоски е Мафијашко гнездо и оцени дека акцијата не е пробиена со нивните информации туку е убрзана за да не се сокрие.

-Ако ја спроведувале во последните година дена тогаш требало да ја спроведат, дај Боже стално вака да ги саботираме и да ги инспирираме да ги завршуваат акциите но треба да почнат од себе, не да почнат од службеникот или службеничката што зема отисок од прст и фотографира. Бидејќи на нив им било така кажано од други структури, затоа што немојте да ме убедувате дека тој службеник знае кој е Јован Вукотиќ или уште помалку знае кој е Георги Андонов. Или пак Седат Пекер, а уште помалку знае кој е Џадин Адемовски и уште такви стотици лица. Да не се лажеме, криминалот е во врвот на власта. Колку побрзо расчистиме со овие луѓе, толку побрзо ќе имаме правна држава. Се останато е растурање пердуви и приказни за мали деца, изјави Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

И потпретседателот на партијата, Александар Николоски, кој вчера објави нови имиња на кои им се издадени македонски пасоши со украдени идентитети истакна дека оваа афера „Мафија“ ја докажува целата немоќ на правната држава, која е окупирана, погазена и завиткана во хибриден режим.

-Поставувам јавно прашање дали македонски пасош издаден од МВР имал и водачот на познат нарко картел од Албанија? МВР во регуларна постапка на 17.07.2019 година му издала македонски пасош со број C1265083 и на шефот на нарко клан од Албанија, Флорјан Мусај со позајмен идентитет Наум Фило роден на 22.01.1986 година, објави Николоски.

Од друга страна, откако ВМРО-ДПМНЕ ја објави аферата, МВР спроведе акција која ја нарече „Двојник“ и во која уапси 9-мина вработени, главно од управната пасошка служба во МТВ, но и двајца од полициските станици Драчево и Бутел кои работеле на фотографирање на двојниците со криминално досие и им издавале „чисти“ пасоши со украден идентитет од македонски државјанин. Но тоа се само ситни риби, додека главните и големи риби од оваа криминална афера сеуште се на слобода.

Министерството за внатрешни работи на чело со Оливер Спасовски место да се грижи за безбедноста на македонските граѓани тоа се дало во згрижување и вдомување на најопасните балкански криминалци.

Од целата оваа афера може да се констатира дека државата овозможува логистика на криминалци, мафијаши и нарко картели од балкански и европски калибар. Нема граѓанин кој верува во приказната дека мафијашки бос извадил легален пасош со украден или лажен идентитет кај обичен полициски службеник. Такво кривично дело е возможно најмалку со знаење на претпоставениот кој е поставен директно од Оливер Спасовски. Целта е ситните риби да одговараат за крупните да се спасат.

Најнови вести