среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Со Заев на власт невозможно е да се очекува ефикасна и вистинска разврска на случајот Рекет“

„Со Заев на власт невозможно е да се очекува ефикасна и вистинска разврска на случајот Рекет“

Вилма Русковска не го повикува Зоран Заев на распит за неговата инволвираност во рекетирањето, иако е посочен во досега собраните искази, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За Вилма Русковска важат двојни стандарди. Исказ од сведок пред три месеци и беше доволен за да го обвини Митко Чавков и други лица за измислено дело тероризам, а сега Русковска кога станува збор за Зоран Заев кој треба да се најде на обвинителна клупа молчи, ја развлекува истрагата и ништо не презема. Вилма Русковска наместо да ја развлекува истрагата и да ги брани политичарите од врвот на власта, треба да го повика Зоран Заев да даде исказ и да истражи зошто тој му кажал на Зоки Кичеец дека се пријавени и против нив се води истрага?, стои во партиското соопштение и се додава:

„Доколку Зоран Заев им помогнал на директните извршители во извршување на кривичното дело тој треба директно да одговара. Зоран Заев треба да одговори и како инстиуциите на системот повеќе од половина година не знаеле за милионскиот рекет кој се случува или можеби знаеле но по нечиј налог молчеле? Доколку во најбрз можен рок нема разрешница на случајот Рекет, што ќе значи и откривање на политичките помагатели се ќе биде само една огромна фарса“.

Со Зоран Заев на власт, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, невозможно е да се очекува ефикасна и вистинска разврска на случајот Рекет.

-Потребни се брзи предвремени парламентарни избори. Потребна е обнова на Македонија.

Најнови вести