понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Собранието ја констатираше оставката на Флорин Бесими

Собранието ја констатираше оставката на Флорин Бесими

Собранието на денешната седница ја констатираше оставката на пратеникот Флорин Бесими, пратеникот од ДУИ од новиот парламентарен состав кој предходно си поднесе оставка.

Оваа оставка тој ја образложи дека била донесена од морални принципи, за да се избегне можен конфликт на интереси при гласањето во Собранието на новата Влада во која за министер за финансии е предложен неговиот брат Фатмир Бесими.

Флорин Бесими неколку години е директор на Клиничката болница во Тетово, а на последните парламентарни избори на листата на ДУИ во Шестата изборна единица беше на второто место, веднаш по лидерот Али Ахмети.

Најнови вести