недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Собранието ја одржува 84. седница, сѐ уште неизгласан дневниот ред

Собранието ја одржува 84. седница, сѐ уште неизгласан дневниот ред

По годишните летни одмори, Собранието денеска ја одржува првата седница. Новата 84.седница почна со задоцнување од еден час и сѐ уште не е изгласан дневниот ред на седницата. Спикерот Талат Џафери даде пауза до 16 часот и ги повика координаторите на пратеничките групи да ги соберат пратениците по паузата за да го изгласат дневниот ред.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се повлечат и да се преместат неколку точки од дневниот ред. Најмногу барања од пратениците имаше за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, да биде ставена како прва, втора или трета точка од дневниот ред, што не беше прифатено.

Спикерот Талат Џафери даде пауза до 16 часот и ги повика координаторите на пратеничките групи да ги соберат пратениците по паузата за да го изгласат дневниот ред.

Пред пратениците во рамки на оваа седница се Предлог на одлука за испраќање припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Република Либан, како и Предлог на одлука за објавување јавен оглас за именување на членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Дополнет предлог на закон за буџети, Предлог на закон за установите за средно образование на верските заедници, Предлог на закон за дополнување на Законот за возила, Барање за давање автентично толкување на член 134 став (6) од Законот за работните односи, како и Барање за давање автентично толкување на член 279 став (1) од Законот за трговските друштва.

Собранието треба да расправа и по Барање за давање на автентично толкување на член 12 став (2) од Законот за работните односи, Предлог на закон за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, Предлог на закон за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за спортска академија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка.

Најнови вести