На граничниот премин „Табановце“ денеска пристигна првата пратка на вакцина против Ковид-19 донација од Србија, каде што на примопредавањето присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.
И додека граѓаните мака мачат со снегот и додека речиси цела Македонија е паралелирирана, властите наместо да го исчистат одлучија да тераат ПР, притоа поставувајќи црвен килим за пречек на вакцините од Србија.
Револтот на граѓаните не изостана и за време на пренесувањето во живо додека траше примопредавањето на вакцините, па така револтираните граѓани коментираат, „Барем исол и механизација да донираја снегот низ Македонија да го исчистеја“, „Абе нели е срамота ваков циркус“, „Утепајте се“ се дел од коментарите по социјалните мрежи.
Ваквиот револт кај македонските граѓанти следи откако надлежните во Македонија не успеаа да се справат со снежните врнеши кои што впрочем беа најавувани уште пред неколку дена, а снегот за едно деноноќие речиси и да ја паралелизираше целата земја.
Иако изминативе месеци надлежните за чистење во зимски услови најавуваа дека подготвени и на висина на задачата за првиот снег, сепак се чини дека снегот одеднаш преку ноќ во месец февруари ги изнанади истите…