Поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија рече дека нејзината соработка со Зоран Заев е завршена работа.
Таа изјави дека ќе ја радува да не се повтори минатото кога СДСМ на чело со Зоран Заев го промени статутот и наместо квотата од 30% учество на жените беше донесена одлука да бидат застапени со 40%, но во реалноста тоа според неа, никогаш не заживеа. Куновска праша дали навистина СДСМ одлучила да се однесува одговорно кон самопоставените цели или од ракав си поставува цели само за да ги задоволи жените на манифестацијата кога се празнуваше формирањето на Форумот на жени на СДСМ, кога Заев излезе со таа изјава.
-Праксата покажува дека вие можете да мислите дека ќе има 50% жени, но прашањето дали ќе бидат жени или мажи станува неважно ако се тоа избраници на шефот на партијата. Начинот на којшто се бираат пратениците досега во два наврати, покажува дека решенијата се изненадување на денот на објавувањето на листите за сите. Дури и за нас коишто сме биле дел од понудата на СДСМ. Не можам да разберам дали шефот на СДСМ, Зоран Заев, ги корегира политиките на премиерот Зоран Заев којшто вети дека во овој состав ќе има 40% жени, но вие гледате дека ниту во Владата, ниту во органите на партијата има многу мало учество на жени.
Таа рече дека СДСМ ја напуштила практиката кандидатите да се бираат од општинските организации на затворени конференции зад затворени врати на тајно гласање. Според неа, повторно гласачот нема да има прилика да ги избере, туку партискиот шеф практично ќе го зацементира тоа партиско самоволие и тој личен поглед на листите.