понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сончево време со мала локална облачност, пад на температурите од понеделник

Сончево време со мала локална облачност, пад на температурите од понеделник

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Во попладневните часови во северните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 24 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала доумерена облачност, попладне со услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Во недела времето ќе биде стабилно и топло, а во почетокот на наредната седмица ќе има локален дожд, умерен ветер и опаѓање на температурата за неколку степени.

Најнови вести