Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК во текот на денешниот ден испрати писмо до Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Министерството за култура со Барање за вработените во детските градинки, образование и културата во ек на пандемија од Ковид-19 да се стават во приоритетна листа за вакцинирање.
СОНК цени дека вработените во овие дејности коишто се со физичко присуство на своите работни места и се во постојан непосреден контакт со луѓе, заради заштита на сопственото здравје и ширење на вирусот, потребно е да бидат на оваа приоритетна листа, особено заради важноста на дејностите во коишто работат.
Од синдикатото велат дека со тоа би се намалил ризикот од заболување, институциите би работеле непрекинато без посериозни проблеми, но исто така и би се избегнало неконтролирано вакцинирање надвор од државата и ризикот што произлегува од тоа.