Откако во емисијата „Несомнено“ на Алфа телевизија беше обелоденет скандал од невидени размери, со кој е нарушена националната безбедност, но и НАТО перспективата на Македонија, реакциите во јавноста и кај членовите и поранешни и сегашни високи функционери на СДСМ не стивнуваат.
Имено, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на една од најдоверливите позиции во државата, за шеф на военото разузнавање поставила оперативец на кој му бил одземен безбедносниот сертификат.
Поточно, министерката за одбрана го поставила Горан Василевски за прв човек на военото разузнавање, при што добил безбедносен сертификат од највисок степен, човек на кој претходно му бил одземен и подоцна не му било одобрено издавање на нов сертификат.
Со ова целосно непрофесионална постапка Радмила Шеќеринска ја има загрозена безбедноста на сите граѓани, но и НАТО перспективата на државата. Токму така министерството кое поради очекуваниот влез во НАТО во овие моменти се наоѓа под лупа, направи катастрофална грешка која ќе ја загрози атланската перспектива на Македонија.
Доколку Македонија стане членка на НАТО, Горан Василевски како шеф на военото разузнавање ќе има увид во строго доверливите тајни на алијансата, човек на кој претходно му бил одземен безбедносниот сертификат. За ваков непрофесионализам и поставување на партиски кадар на ваква висока позиција во алијансата, постои нулта толеранција.
Реакциите од експертите, но и во јавноста се остри, од министерката се бара оставка поради овој скандал од невидени размери, кој ја загрози државната безбедност како и НАТО перспективата на Македонија.
Токму на ова реагираше и поранешниот висок функционер на СДСМ, како и кандидат за пратеник на СДСМ од дијаспората, Зоран Ивановски.
Тој побара од Зоран Заев да ја отстрани Шеќеринска од чело на министерството за одбрана.
-Нека ја тргни Заев, Рада го гасам профилот на 6 месеци. Зборот е збор. -напиша тој.
Во друг статус на социјалните мрежи тој саркастично коментира: „Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска назначила за прв човек на военото разузнување лице за кое има сомнеж за поседување на безбедносен сертификат, објави телевизија Алфа во емисијата „Несомнено“. Осмели се и ти биди министер за одбрана иако си електро инжинер нов слоган на владата на Заев“.