Елвир Зендели, сопруг на пратнеичката на ДУИ Арта Билали Зендели од почетокот на месецов има убаво работно место. Вработен е во Агенцијата за цивилно воздухопловство каде платата во зависност од стажот се движи околу 70.000 денари, пишува Пресс24.мк.
Останува на институциите да проверат дали имало одреден конфликт на интереси имајќи предвид дека станува збор за сопруг на пратеничка од мнозинството.
Одлуката за вработување е од пред два дена, со дата од 2 октомври 2023 година потпишана од директорот Томислав Тунтев, поранешен пратеник на СДСМ.