сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сопругите на нападнатите Јанакиески и Ристовски се сериозно загрижени за нивната безбедност во затворот Шутка

Сопругите на нападнатите Јанакиески и Ристовски се сериозно загрижени за нивната безбедност во затворот Шутка

Двајцата поранешни министри кои беа приведени, првиот ден од притворот биле нападнати од притвореници во затворот Шутка.

Инцидентот се случил попладнево за време на прошетка во кругот на заворот. Миле Јанакиески со повреди на главата и на раката е префрлен во Воената болница, а Спиро Ристовски е сместен во затворскиот стационар со повреди на носот и на аркадата. Се утврдува дали има скршеници.

Сопругите на двајцата поранешни функционери кои се нападнати, за Телевизија Телма тврдат дека инцидентот покажал дека не се безбедни и велат дека се сериозно загрижени за нивниот живот.

Според она што го слушнале од нивни информации, Сања Јанакиески и Маја Ристовска објаснуваат дека припадници на групата од Диво Насеље кои се во Шутка првин го нападнале Јанакиески, а Ристовски се обидел да му помогне, но и тој бил нападнат.

Најнови вести