Јетон Шаќири од струшкиот огранок на ДУИ е партискиот предлот за нов министер за информатичко општество и администрација, објави весникот Коха.
Шаќири, кој беше избран и за пратеник на изборите, е професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а беше и директор на струшкото претпријатие Водовод и канализација.
Тој важи за човек од доверба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој често влегуваше во конфликт со претставници на СДСМ.