Во третото продолжение од сторијата „Советничка афера“ ИРЛ објавува нови три имиња кои му се надворешни советници на премиерот Зоран Заев. Мистериозен советник за ЕУ, водител и текстописец на народни песни и новинар.
Поетот, текстописецот и водителот Ѓорѓи Калајџиев е првиот надворешен советник кој го поставил премиерот Зоран Заев. Договорот е склучен еден ден по формирањето на Владата, на 1 јуни 2017 година. 56-годишниот струмичанец му е советник за медиуми на премиерот, а за својот ангажман добива по 40.000 денари месечно.
Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. Ова е единствената информација која ја дава Владата за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра. Советникот кој е еден од подобро платените не може да гo најдете на ниту една социјална мрежа, ниту пак неговото име се појавува на пребарувачот Гугл.
На платниот список на Заев е и новинарот од ТВ 24 Љубиша Станковиќ. Тој е соработник за „Комуникација и односи со јавноста во процесот на реформа на правосудниот систем и учество во советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот систем (2017-2022)“.
Станковиќ е ангажиран како ПР на Советот за реформи на правосудството од април минатата година. Тој добива месечен хонорар од 30.000 денари.
Целата сторија на следниот ЛИНК.