Иако календарски сеуште сме лето, Петре Шилегов буквално две години не е излезен од зимскиот сон и нема решено ниту еден крупен проблем, ова преку соопштение го потенцираат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Градот Скопје 2 години се соочува со елементарна непогода која се вика Петре Шилегов. 2 години Шилегов, 2 години неработа, криминали, и назадување. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта да го прифати предлогот наместо пари за нови службени возила во градот Скопје, и наместо владата да троши над 700 илјади евра на цвеќиња и екибани, средствата да се пренаменат на пошумување на опожарените предели на Скопска Црна Гора. За жал вчера неработникот Шилегов не се откажа од комодитетот на нови службени возила, а Заев од милионските цвеќиња и екибани. Пожарникарите и понатаму остануваат без адекватна опрема, жителите од потенцијалните жаришта под ризик, а Скопјани ќе продолжат да дишат нечист воздух, потенцираат тие.
Советничката група додава дека неработникот Петре Шилегов со приземниот речник и невкусните настапи наместо дворски шут, треба конечно да почне да биде градоначалник на сите Скопјани. Да се вразуми и да делува наместо за личниот интерес, за интересот на сите Скопјани.
-Апелираме Шилегов да се откаже од комодитетите платени со државни пари а владата од милионскиот бизнис со цвеќиња и под итно да се донесе одлука за пошумување на опожарените места во околината на Скопје. Наместо неработникот Шилегов и владата да се молат да заврне дожд за да се справат со пожарите, нека ги засукаат ракавите и нека ги решат проблемите, стои во нивното соопштение до јавноста.