Фрапантни се податоците дека за пластични диносаурси и украсување со лампиони Шилегов ќе потроши вкупно 525 илјади евра, во исто време кога не дава ниту денар за борбата против корона. Новите пластични диносаурси кој ги набави Шилегов за Золошката градина градот Скопје го чинат 325 илјади евра, дополнително Шилегов ќе потроши 200 илјади евра за лампиони, светилки и новогодишно улрасување на градот, стои во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.
– Со вкупно 525 илјади евра можеше Шилегов да купи најмалку 15 возила за итна медицинска помош, да се изградат неколку монтажни ковид центри, да се купат 1000 лап топ компјутери за дечиња кои не може да ја следат он лајн наставата која се организира поради заштита од короната, велат тие.
– Шилегов даде предност на лампиони и диносаурси наместо на набавка на болнички возила, монтажни болници, лап топ компјутери за учениците кои ги немаат. Лудило е да се трошат пари за лампиони, а да нема за средства за спас на животи и помош на граѓаните. На Скопје му треба градоначалник работник, а не лампион градоначалник, посочуваат од советничката група.