понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Мерните станици низ Скопје покажуваат 2-3 пати поголема загаденост над дозволеното, Шилегов молчи

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Мерните станици низ Скопје покажуваат 2-3 пати поголема загаденост над дозволеното, Шилегов молчи

Мерните станици низ Скопје покажуваат зголемена загаденост на воздухот и до 2-3 пати над дозволеното.
Грејната сезона само што почна, зимата е уште далеку, а Скопје тоне во загаден воздух, стои во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

– И додека скопјани се гушат Петре Шилегов не прави ништо да го промени тоа. Нема инвестиции во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, нема инвестиции за намалување на загадувањето. Поминаа три години откако Шилегов стоеше до Заев додека тој викаше Ајро Ајро и ветуваше чист воздух веднаш, но еве и по три години ништо не е сменето, напротив загаденоста на воздухот е поголема од кога и да било претходно. Со Шилегов не добивме чист воздух, со Шилегов добивме загаден воздух, и многу фрлени пари на тендери и сомнителни набавки, а ниту едно дени за подобрување на квалитетот на воздухот. Скопје памети и не заборава. Следува казна за труењето, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести