понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Мрзливиот Шилегов може да сруши тоа што самиот го изградил, а бидејќи ништо не изградил, не може ништо и да сруши

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Мрзливиот Шилегов може да сруши тоа што самиот го изградил, а бидејќи ништо не изградил, не може ништо и да сруши

Мрзливиот Петре Шилегов може да сруши тоа што самиот го изградил, а бидејќи ништо не изградил, не може ништо и да сруши. 4 години слушаме како неспособниот и мрзлив градоначалник Петре Шилегов се заканува како ќе руши нешто што самиот не го изградил, а додека како празна воденица меле закани, дивоградбата во Матка се прошири и надгради, а воедно дивоградбата пред Мавровка доби одново форма и пак се вивна. Зошто мрзливиот Шилегов не отиде и да побара од надлежните институции да ги срушат овие дивоградба, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– 4 години од својот мандат ги преспа. Додека се расправаше за загадувањето во градот Скопје во собранието на Република Македонија Шилегов играше игрици на својот телефон, додека цело Скопје беше затворено поради полициски час, Шилегов побрза во својата луксузна хациенда на брегот на Мавровското езеро да се релаксира, додека скопјани чмаеа во нивните домови, велат од партијата.

– Шилегов во 4 години мандат шајка не закова, а да не зборуваме за тоа што не реализира ниту едно ветување од својата програма. Нема нов луна парк, нема нови булевари, подземни кружни текови, тунел под кале, нема ништо од тоа што ветуваше. Го разбираме, после 4 години мора нешто да зборува, па затоа и се навртел на рушење, но затоа не го оправдуваме, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести