среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје очекува што побрзо да биде ставена на дневен ред точката за мостот Беласица, потребна е итна санација

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје очекува што побрзо да биде ставена на дневен ред точката за мостот Беласица, потребна е итна санација

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје очекува што побрзо да биде ставена на дневен ред точката за мостот Беласица, потребна е итна санација.

-Арсовска мора да го информира Советот што се случува и зошто со денови нема конкренти информации во врска со состојбата на мостот Беласица. Граѓаните ги интересира што побргу мостот да биде ставен во функција. Скопјани не можат да чекаат на префрлањето на топката помеѓу Владата и Арсовска. Како што се договараат за гласање на финансиските програми, така да се договорат и мостот да биде поправен во најитен рок, истакнуваат од партијата.

„Неколку стотина илјади скопјани кои секојдневно се на релација од Центар и Аеродром кон Гази Баба се соочуваат со метеж, затоа што властите наместо да го решат проблемот, си ја префрлаат топката.

Оттука Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје побара најитно ставање на дневен ред на точката за барање информација во врска со состојбите, по што ќе може да произлезат и конкретни предлози и решенија“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести