вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Советникот Ристов си дал оставка од извршен директор на КК Кожуф, оставил празна сметка и огромен долг

Советникот Ристов си дал оставка од извршен директор на КК Кожуф, оставил празна сметка и огромен долг

Советникот од Сдсм во советот на општина Гевгелија,Тодор Ристов си поднел оставка од функцијата Извршен директор на КК Кожуф од Гевгелија.

Во моментот кога дава оставка на сметката на КК Кожуф има 180 000 денари и долг од околу 5 000 000 денари кон правни лица и 3 000 000 денари за 2 неисплатени плати на играчите,стручниот штаб и останатите вработени. Вкупниот долг на КК Кожуф во моментот е околу 8 000 000 денари или 130 000 евра.

Управата предводена од Тодор Ристов ги потрошила сите финансиски средства од општинскиот буџет и од ваучерот за 2021 год.

Недомаќинското работење на оваа управа на КК Кожув започнало во 2018 година. Во периодот 2018 – 2021 год. извршниот директор на КК Кожув Тодор Ристов во исто време е претседател на советот на општина Гевгелија. Во тој период во КК Кожуф од Гевгелија има несовесно трошење на финансиски средства без позначајни резултати и развој на младинските категори во клубот. Ова е уште еден пример како се злоупотребуваат спортските клубови за лични интереси на сметка на граѓаните.

Најнови вести