Главната причина за пожарите според првиот човек на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов се палењата на пасишта, стрништа и меѓи со бујна вегетација од кој со помош на ветерот пожарот се шири и морало да се спасуваат неколку села од опожарување. Особено за оваа година апелот за спречување на пожарите беше до Мепсо бидејќи се утврдило дека доста од пожарите се предизвикани тикму од лабавите жици на далновидите. Оваа година според Ангелов во сезоната во која се можни пожари би требало да влеземе поподготвени бидејќи сега имаме два армиски и еден полициски хеликоптери целосно во функција на гаснење на пожарите а до лето би требало да се во функција и трите авиони за гасење пожари.
За во среда е закажан состанок на управувачкиот комитет кој го раководи министерот за внатрешни Оливер Спасовски а во кој се вклучени и сите релевантни министерства и државни институции во кроењето на плановите за справување со пожарите. Ангелов апелираше до градоначалниците да ги подготват своите против пожарни единици, граѓаните да бидат внимателни со излетничките скари, со цигарите и секој што ќе забележи пожар на бесплатниот телефон 112 да јави за навреме да биде интервенирано. Во однос на карпата над браната матка Ангелов со смирувачки пораки дека заканата е само во случај на некој посилен земјотрес и таа карпа е потенцијална опасност со децении за што дополнително ќе се бара начин како да се отстрани таа опасност.