Иако Антикорупциската комисија не одзволува увид во деталите од имотните листови на премерот Зоран Заев тој вечерва на Алсат-М телевизија рече дека капиталот на неговото семејство се движи меѓу 8,5 и 10 милиони евра, а годишно плаќа 10 милиони евра за даноци и придонеси.
Неговиот брат и најблиски братучеди поседуваат голем број фирми и се вклучени во повеќе бизниси – од производство на ајвар до одгледување на канабис за медицински цели. Но, според анкетниот лист кој го доставил до Антикорупциската Заев е потпросечен македонски граѓанин кој живее во куќата на неговите родители и нема сопствен имот. За неговата имотна состојба често пати добивал прашања од новинарите, а секогаш негово објаснување е дека се’ што поседува не е негова лична, туку семејна сопственост.
„Јас мојот личен имот го имам пријавено во имотниот лист. Немам моја куќа, туку живеам во семејна куќа со мојот брат и мојот татко. Пријавени се дури и нивите во Муртино, но и тие не се лично мои, туку на потесното семејство“, изјави Заев лани во интервју во емисијата „Проверено“.
За прв пат откако е на премиерската позиција Заев неодамна пријавил промена во имотната состојба. Стан од 46 квадрати во Струмица како имот на неговата сопруга. За потеклото на станот објаснил дека е добиен како подарок. Пријавената вредност на станот е 14.600 евра.
Анкетниот лист на Зоран Заев може да го видите ТУКА