ГРЕКО, групата на земји против корупција на Советот на Европа, официјално во својот извештај објавен денеска во Стразбург до Република Македонија и заклучи дека Македонија од 23-те препораки за паттиот круг на евлауација само четири ги спровела на задоволително ниво, девет делумно и десет воопшто не се имплементирани, јави дописник на МИА.
Петтиот круг на евалуација на ГРЕКО се однесува на „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (лица на кои им се доверени највисоките извршни функции – ЛНИФ) и органите за спроведување на законот (ОСЗ).“
Според ГРЕКО не е прифатливо и не е компатибилно, заменик-премиерот да ја има надлежноста давање на имплементација на Кодексот на однесување кој истовремено има надлежност да истражува и санкционира прекршувања и истовремено треба да обезбеди и доверливо советување и собирање докази за прекршување на Кодексот.
Понатаму, ГРЕКО посочува дека постојаното отсуство на проценки на ризикот за интегритет загрижува, како и редовните проценки на влијанието на мерките за интегритет во централната власт.И покрај тоа што во буџетот на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се внесени значителни финансиски ресурси, таа сѐ уште не е целосно функционална и не може правилно да ги извршува своите должности според законите кои се на сила во моментот.
Во однос на агенциите за спроведување на законот (полицијата), позитивно е што информациите за буџетот, активностите, одлуките, управните постапки и јавните набавки на Бирото за јавна безбедност – една од најтајните владини структури – станаа подостапни на Интернет. ГРЕКО исто така го поздравува опсежното вклучување на полицискиот персонал на различни нивоа, синдикатите и граѓанското општество во изработката на новиот Етички кодекс за полициските сили. Кодексот нуди соодветно практично упатство за очекуваното етичко однесување и регулира прашања како што се судир на интереси, помошно вработување, пријавување на неетичко однесување, итн. Се преземаат подготвителни чекори за воведување на тестирање на интегритетот за лица кои влегуваат во полицијата, како и полициски персонал во текот на целата нивна служба. Надворешниот надзор на полициските сили од страна на Канцеларијата на Народниот правобранител и Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција изгледа соодветен. Спротивно на тоа, останува да се изврши преглед на ранливостите и ризиците на корупцијата во полицијата и редовна евалуација и проценка на влијанието на годишните антикорупциски програми на полицијата. Што е најважно, оперативната независност на полицијата треба да биде усогласена со стандардите на Советот на Европа за демократско полициско работење и нејзината деполитизација да биде обезбедена во закон и во пракса.
Посебна загриженост е значителниот број на судир на интереси и случаи на откривање на средства кои опфаќаат лица кои вршат највисоки извршни функции, обработени од ДКСК. Понатаму, не изгледа дека е спроведена соодветна анализа на практичната примена на санкциите за судир на интереси и други повреди на интегритетот, ниту пак дека овој режим на санкционирање е ревидиран за да се обезбеди дека ги исполнува предусловите за ефективност, пропорционалност и обесхрабрување.
Со оглед на горенаведеното, ГРЕКО забележува дека е неопходен понатамошен напредок за да се демонстрира прифатливо ниво на усогласеност со препораките во следните 18 месеци. Согласно на својот Деловник, ГРЕКО го поканува Шефот на Делегацијата на Македонија да достави дополнителни информации во врска со спроведувањето на неисполнетите препораки до 30 Септември 2022 година.
ГРЕКО на крајот ги поканува властите на Македонија што е можно поскоро да го одобрат објавувањето на овој Извештај.