Македонските институции не се ефикасни затоа што другарките и другарите на Заев кои ги водат не се доволно посветени. Ова го вели премиерот Заев за „Тема на денот“ во дневникот на Сител телевизија додавајќи дека ефикасноста мора да се подобри.
Заев рече дека видел дека граѓаните имаат замерки за ефикасноста на неговите другари и другарки и дека и за тоа се казнети на изборите.
– Видов дека другарите мои и другарките, може да бидеме по дома другари, може да бидат менаџери успешни тие што ќе се нафатат и ќе ги адресираат прашањата на граѓаните и ќе адресираме вакви прашања. Ако сте подготвени на тоа повелете. Граѓаните бараат ефикасност, рече Заев.
Според Заев граѓаните немаат проблем колку се градело и дали владата градела, туку имале проблеми од нивното секојдневние.
-Луѓето викаат океј патишта и канализација, тоа ви е работа, но јас имам проблем и мора да го решиме и тоа е одобрението за градба да го добија, катастарот не можам да го чекам три месеци, или тротоарот е пол со дрва за грејна сезона и тоа трае со месеци, не може комунален инспектор да излезе, вели Заев.