Голем пожар пред два дена го зафати струмички „Глобал“. Пожарникарите пожртвувано се бореа со огнените јазли, но сигурно ќе беше спречена поголема штета доколку имаа соодветни услови за работа.
Акцијата траеше долго бидејќи двата камиони се дотраени, стари 40 години. Ниту денар не е вложено во струмичката противпожарна со децении. Со градот долги години како градоначалник раководеше Зоран Заев, кој денес е премиер.
Но, кога станува збор за набавка на возила, Заев размислува на луксуз за себе, а не за основна потреба на струмичани и сите други граѓани, потреба која може да спречи трагедии. Затоа, Заев ниту како градоначалник, ниту како премиер, не најде начин да купи нови противпожарни возила, но еве да потсетиме што од возила купуваат тој и неговото семејство.
Заеви имаат Мајбах, два Бентли, мотори БМВ и квадови
Заев во својата приватна колекција го има најлуксузниот автомобил во Македонија – мајбах, кој чини повеќе од 400.000 евра.
Семејството Заеви има 2 суперлуксузни автомобили Бентли, кои чинат речиси 200.000 евра.
Заев редовно се вози со 10 БМВ мотори, кои се купени на име на една од неговите фирми, а само еден мотор чини 35.000 евра.
Заев заедно со министерот за здравство и нивните синови пред неколку дена позираа исто така на луксузни возила на четири тркала. Додека народот тоне во сиромаштија и живее во дистанца, Заев и Филипче покажаа колку имаат и дека можат да прават што сакаат.
Ваквото однесување е СРАМОТА.