сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Средба Лога-Јовески: Разговарале за активностите кои се преземаат во врска со случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово

Средба Лога-Јовески: Разговарале за активностите кои се преземаат во врска со случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово

Министерот за правда Кренар Лога денеска  оствари средба со  државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

На средбата стана збор за текот на постапките кои ги водат Основното јавно обвинителство Тетово и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Со државниот јавен обвинител Јовески се разговараше и за други прашања како што се потребата да се именува обвинител за врски во Еуроџаст( Единица за судска соработка на ЕУ), носење на Упатство за имплементација на Кодекс за ЈО, Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027, електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и други теми.

За случајот со модуларната болница во Тетово, во текот на утрешниот ден министерот за правда Кренар Лога ќе се сретне и со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

Најнови вести